Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе биде национален кандидат на Република Македонија за наградата „Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје” за 2019 година, соопшти денеска Друштвото на филмските работници.
Одлуката, која е прифатена и одобрена од Американската академија за подвижни слики, ја донесе комисија во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на ДФРМ, Ирена Ристиќ – актерка, Амернис Нокшиќи – актерка, Горан Трајкоски – композитор, Игор Тошевски – ликовен уметник и сценограф, Даријан Пејовски – режисер и Наум Доксевски – кинематографер.
Во конкуренција за кандидатурата беа и филмовите: „Враќање“ во режија на Кастриот Абдили, „Година на мајмунот“ во режија на Владимир Блажевски, „Незаборавна пролет во заборавено село“ во режија на Куштрим Бектеши и „Здивот на ангелот“ во режија на Јани Бојаџи, се вели во соопштението од Друштвото на филмските работници на Македонија.