Околу 100.000 украински бегалци добија работа во Полска, бидејќи имаат исти права како домашните граѓани, изјави денеска првиот човек на регионот Лублин, Лех Справка.
Според него, бегалците од Украина имаат право на бесплатно образование, пристап до здравствениот систем и социјална помош.
Повеќе од три милиони луѓе влегле во Полска од почетокот на рускиот напад врз Украина. Сега во Полска има меѓу 1,5 и два милиони бегалци, вклучувајќи околу 500.000 деца.
На 7 март повеќе од 20.000 бегалци од Украина влегоа во Полска на граничниот премин Дорохуск, а помалку од 900 во изминатите 24 часа, но полската гранична полиција тврди дека е подготвена за евентуален нов бран.
Тоа значи и можност за минување на границата пеш, како и без пасош.
Досега речиси четвртина од украинските бегалци влегле на преминот без пасош, бидејќи имале доволно изводи од матичната книга на родените или лични карти, велат од Граничната полиција.
извор: Nova.rs
фото: