Ќе се запленува рускиот имот во Украина, одобри Врховната Рада – ММС
ММС

Објавено на: 05/12/22 2:00 PM

Ќе се запленува рускиот имот во Украина, одобри Врховната Рада

Украинската Врховна Рада го одобри указот на претседателот Володимир Зеленски за заплена на руски имот во Украина, соопшти денеска пратеникот Јарослав Железњак.
– Радата го усвои претседателскиот декрет за заплена на руски имот, напиша пратеникот Железњак на Телеграм.

Декретот е усвоен со 334 гласа „за“, додека за усвојување на оваа одредба биле потребни 226 гласа.

МИА