Кога јадеме како одговор на појавата на одредени емоции се случува она што го нарекуваме емоционално прејадување.
Конзумирањето храна поради стрес стана вообичаен механизам кога се бориме со одреден притисок, но тоа воопшто не е здрав начин на однесување во стресни ситуации. Кога чувствуваме умор, раздразливост или некаква тешкотија, неретко посегнуваме по храна. Најчесто тоа е храна која е мрсна или е богата со шеќери, за да се чувствуваме подобро, односно поради стравот тоа добро чувство да не исчезне.
„На почетокот високото ниво на стрес ќе го зголеми ослободувањето на адреналинот, што може да ја намали желбата за храна. Но кога стресот трае подолго време, надбубрежните жлезди почнуваат да лачат кортизол, хормон одговорен за реакциите на нашето тело“, вели Гејл Салк, професорка по психијатрија во Њујорк.
Таа објаснува дека тоа ги зголемува енергетските барања на вашето тело, предизвикувајќи зголемен апетот и предизвикувајќи желба за храна со високо ниво на шеќери и масти. Секако заслужуваме да се чувствуваме подобро, но храната сепак нема да ги реши проблемите кои довеле до појава на негативни емоции. Емоционалното јадење станува проблематично доколку се случува пречесто и води кон значително зголемување на калориите. Во тој случај се јавуваат два проблема.
„Многумина мислат дека храната е утеха“, вели Елис Муселес, психолог и стручњак за исхрана.
Дури и ако не сме физички гласно, вообичаено е да посегнеме по храна за да се носиме со одредени емоции за да си го одвлечеме вниманието од лошите мисли.
Јадењето под стрес е проблематично бидејќи тоа влијае на вашиот избор каква храна ќе јадете. Како што истакнува Салк, кортизолот нѐ мотивира да бараме храна со високо ниво на масти и шеќери. Запаметете дека негативните емоции не се опасни. Тие се составен дел од животот и ни даваат информација за тоа што би требало да работиме и што да менуваме.
Како да престанете да јадете кога сте под стрес?
Почетокот на тоа да престене со емоционалното прејадување е да се соочите со фактот дека проблемот постои. Прифаќањето на сопствените емоции, колку и да се лоши, е првиот чекор. Со оглед на тоа дека стресот е главното „гориво“ за емоционалното прејадување, добро би било да поработите на тоа да го намалите секојдневниот стрес. Побарајте стручна помош и обратете се кај психолог кој ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да го намалите емоционалното прејадување. Најважниот чекор е свесност за себе и слушање на сопственото тело ум. За да се ослободите од емоционалното прејадување можете да почнете со вежбање, прошетка, повеќе одмор во природа и слично.
Шетањето е најчесен начин за да смирите и да го избегнете посегнувањето по храната. На овој начин ендрофините ќе почнат да се произведуваат еднакво како да сте изеле вкусно чоколадо. Дури и прошетка од 10 минути може да го намали гладот. Создавањето добра музичка плејлиста може да биде добар начин за опуштање, особено затоа што музиката претставува средство за смирување. Фокусирајте се на песни кои може да ве опуштат и ќе се откажете од желбата за храна. Добриот одмор во текот на ноќта може да го намали стресот и да влијае на вреност на количината на рана. Луѓето кои се одморени полесно ги поднесуваат неочекуваните проблеми на работа и потешко чувствуваат стрес поради кој би посегнале по храна – пишува The Healthy, пренесува 24 sata.hr.
Фото: Unsplash