Отпочна со изградба новиот, најголем, продажен центар на Мебел-Ви, кој ќе биде лоциран во Струмица.
По завршувањето на подготвителните активности, вчера беше поставен камен темелник на новиот ултра модерен салон за мебел. Објектот е планиран да биде со површина од 4.000м2 што го прави еден од најголемите продажни објекти во државата.
„Остануваме на определбата да бидеме прв и најдобар избор за квалитетен мебел на потрошувачите во Македонија и со ова значително ја доближуваме нашата понуда до уште поголем број корисници. Ова е осмиот продажен салон на нашата компанија и заедно со него вкупната изложбена површина, на располагање на потрошувачите, се искачува на 22.000 метри квадратни што не прави лидер на пазарот во државата, но и во регионот.
Новата инвестиција доаѓа во годината кога го прославуваме нашиот јубилеј 25 години постоење, и значително ќе придонесе во збогатување на целокупната понуда на пазарот на мебел и секако ќе внесе дополнителна свежина и бенефиции за граѓаните во струмичкиот регион. Нашата стратешка цел е понуда на исклучителен производ со препознатлив квалитет, квалитетен мебел кој е достапен и блиску до потрошувачите.
Благодариме на сите што сте дел од семејството на Мебел-Ви! Нашата Мисија од секогаш е создавање на уникатен препознатлив дизајн, професионализам и специјализација во работењето и постојано инвестирање во квалитетот.
Продолжуваме заедно со Вас да растеме и да се развиваме“, соопштија од Мебел-Ви.
комерцијален текст