Очекувано: МТВ нема да ја повлече Андреа, а догодина Македонија можно е да не оди на Евросонг! – ММС
ММС

Објавено на: 05/11/22 2:47 PM

Очекувано: МТВ нема да ја повлече Андреа, а догодина Македонија можно е да не оди на Евросонг!

Македонската Радио Телевизија донесе одлука Андреа да не биде повлечена од настапот на Евровизија, по скандалот, кога го фрли македонското знаме.

МТВ испрати соопштение во кое се вели:

-По инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме на тиркизниот тепих и по првичното Соопштение кое што беше објавено по реакциите на јавноста, МТВ детално ги разгледа сите аспекти за евентуалното повлекување на нашата претставничка од Евровизија. Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа, информираат од МТВ и додаваат:

-Македонската Радио Телевизија ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата. Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот „Евровизија“ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија, велат од МТВ.