СОНК и МОН денес не се договорија ништо, ќе се сретнат повторно в петок – ММС
ММС

Објавено на: 05/11/22 2:01 PM

СОНК и МОН денес не се договорија ништо, ќе се сретнат повторно в петок

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска во седиштето на Синдикатот одржаа уште една средба за преговори за повисоки плати и за колективните договори во основните и средните училишта во рамки на новиот десетдневен рок за усогласување на отворените прашања со посредство на помирувач.

По двочасовната средба не беа соопштени детали од средбата, а нова СОНК и МОН ќе имаат в петок. Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за постојното законско решение во делот на исплата на плати.

Во меѓувреме, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на својата фејсбук-страница по денешната средба со претставници од МОН соопштија дека се расправало  и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува.

-Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок, 13 мај 2022 година, за кога е закажана и следната средба – наведува СОНК во објавата на Фејсбук.

Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за постојното законско решение во делот на исплата на плати.

 

Фото: Архива