– Носењето маски веќе нема да биде задолжително на аеродромите и на летовите во Европа, соопштија денеска Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Како што наведуваат, новите препораки ќе стапат во сила од 16 мај.
– Од следната недела, маските за лице веќе нема да бидат задолжителни во авионите, што во голема мера е во согласност со променливите барања на националните власти низ Европа, кога станува збор за јавниот превоз, изјави извршниот директор на Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај, Патрик Ки.