Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, е позитивен на коронавирус.
Гејтс преку Твитер објави како се чувствува дека има благи симптоми и ќе биде во изолација додека не се чувствува добро.
„Имам среќа што ги примив вакцините и бустер дозата и што имам пристап до тестови и одлична медицинска нега“, рече Гејтс.
I’ve tested positive for COVID. I’m experiencing mild symptoms and am following the experts’ advice by isolating until I’m healthy again.
— Bill Gates (@BillGates) May 10, 2022
Гејтс беше поборник за мерки за борба против пандемијата, неговата фондација одвои значителни средства за развој на вакцини и нивна дистрибуција во сиромашните земји.