Денес повторно пропадна камион на Плоштад „Македонија“ во Скопје.
На плоштадот е забрането за тешки товарни возила, но поради „Виноскоп“ и носење роба камион поради тежината скрши плочки и пропадна.
Ваква ситуација имаше и пред неколку години. Камион пропадна додека траеја подготовките за пречек на ракометарите на „Вардар“ по освојување на шампионската титула во 2017 година.
Фото: Вангел Тануровски