Најскапа спортска слика на сите времиња? – Дејвид Бекам ја собра класата на едно место – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/22 5:00 PM

Најскапа спортска слика на сите времиња? – Дејвид Бекам ја собра класата на едно место

Дејвид Бекам сигурно некаде ќе ја врами оваа фотографија. Едноставно, има премногу класа на тоа!

На Формула 1 трката во Мајами имаше возбудувања, на крајот Макс Ферстапен победи пред два болида на Ферари и со тоа ја намали предноста на Шарл Леклер во генералниот пласман.

Сепак, повеќе погледи беа вперени во пистата отколку во пистата! Се добива впечаток дека најголемите светски ѕвезди никогаш повеќе не присуствувале на една трка, а Дејвид Бекам повторно бил еден од најзабележаните.

По трката тој на својот Инстаграм профил објави фотографија која го воодушеви светот на спортот.  Бекам како позира заедно со некои од најголемите имиња досега.

Покрај поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Милан беа најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, легендата на НФЛ и рекордер Том Брејди, како и Луис Хамилтон, седумкратниот Ф1 шампион кој заврши на шестото место на трката.

Пораката покрај сликата беше јасна: „Зборови не се потребни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

извор: Mondo/Instagram