(Видео) Зеленски му додели орден на куче, кое пронаоѓа мини – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/22 6:00 PM

(Видео) Зеленски му додели орден на куче, кое пронаоѓа мини

На Патрон, двегодишното куче Џек Расел Териер, претседателот на Украина Володимир Зеленски  додели наградата на церемонија во Киев.

Териерот, чие име на украински значи „муниција“, мирисаше руски мини и експлозиви во североисточниот град Чернигов и стана маскота на Државната служба за итни случаи, пренесува Гардијан.

Тој стана национален симбол на отпорот на Украина против Русија и редовно се појавува во видеата на официјалните украински канали на социјалните мрежи.

Кучето, кое е тренирано да бара мини, е заслужно за откривање на повеќе од 200 експлозиви од почетокот на војната во Украина.

Ова животно беше наградено со Орден за заслуги во земјата.
Наградата Зеленски му ја врачи на Патрон и неговиот сопственик Михаил Илиев на прес-конференција заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој во неделата беше во посета на Киев.


Додека на Патрон му беше врачена наградата, Трудо се тапкаше по џебот како да бара храна за кучињата. Зеленски го опиша кучето како „прекрасен мал сапер“ или воен инженер.
„Денес сакам да ги наградам оние украински херои кои веќе ја чистат нашата земја од мини. И заедно со нашите херои, постои прекрасен мал сапер – Патрон – кој не само што помага во неутрализирање експлозиви, туку и ги учи нашите деца на неопходните безбедносни правила во областите. каде што има опасност од мини“, изјави Зеленски по церемонијата.