Луѓето кои редовно медитираат имаат помалку шанси да се разболат, покажува истражувањето објавено во списанието PLOS One.
Истражувачкиот тим одбрал 390 возрасни лица кои се вакцинирале против грип. Покрај тоа, еден дел од тестираните одел на курс за медитација, а по периодот од осум недели, оние од групата за медитација биле поздрави од останатите.
Во споредба со другите, тие поради болест останувале дома.
Претпоставуваме дека тоа е затоа што луѓето кои медитираат полесно се носат со симптомите – објаснил д-р Џејмс Кармоди од Медицинскиот факултет во Ворчестер.
Според него, медитацијата ги учи да го пренасочуваат вниманието за да не останат заглавени во непријатни мисли. Луѓето кои медитираат полесно ги поднесуваат симптомите на болестите
Некои претходно истражувања пак, покажуваат дека медитацијата го намалува стресот кој може да доведе до пад на имунитетот. Медитацијата дури го поттикнува организмот да се бори против инфекции и токсини. И тоа не е крај на придобивките, докажано е дека само 13 минути медитација секојдневно може да ги подобри меморијата и продуктивноста на работното место.
Фото: Pixabay
Извор: alo.rs