„Ќерка ми во болка се бори за животот, молете се за моето девојче“ – Потресен апел на пејачката Јулија за нејзината Андријана – ММС
ММС

Објавено на: 05/9/22 1:02 PM

„Ќерка ми во болка се бори за животот, молете се за моето девојче“ – Потресен апел на пејачката Јулија за нејзината Андријана

Пејачката Јулија за прв пат јавно прозборе за болеста на нејзината ќерка Андријана.

Таа на својот профил на Фејсбук упати апел до сите луѓе со добро срце да се помолат за здравјето на ќерка и’, која во болка се бори за својот живот.

-Драги мои пријатели,помолете се за моето девојче,за мојата хероина,мојата светлина.Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на Клиниката за онкологија.
Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно се. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господи помилуј, Оче спаси нас, напиша Јулија.

Андријана минатата година за ММС прозборе за нејзината болест и за тоа како работи на себе за ги надмине проблемите.

Прочитајте го интервјуто на оваа млада мајка и нејзината борба:

 

Канцерот не го сфаќам како болест, туку како состојба на умот – Со Андријана Мациев по повод Светскиот ден на борба против ракот