Констракта синоќа на традиционалниот „тиркизен тепих“ на свеченото отворање на Евровизија се појави облечена како Меган Маркл, која ја споменува во нејзиниот хит “In corpore sano”.
Таа воодушеви и со својата спонтаност, особено кога новинарите ја прашаа зошто пее на српски јазик.
„Песната е толку заразна… Сигурна ли сте дека песната ќе биде разбирлива на српски?“, ја праша новинарката.
View this post on Instagram
„Па, испадна дека е. Самата рековте дека е заразно! Мислам дека е лесно… „Да се биде здрава“ е лесно, а движењата се лесни… и еве сме“, рече Констракта.
Констракта рече дека песната ја смислила додека го шетала своето куче Роки, а текстот го снимила на телефон.
„Обидете се и вие да го шетате кучето, можеби ќе напишете песна“, се пошегува Констракта со новинарката, додавајќи дека понекогаш користи молив.
Констракта е единствениот полуфиналист кој во песната нема никаков дел од текстот на англиски јазик.