Македонската претставничка АНдреа по скандалот со знамето се јави од Торино со видео порака во која рече:
-Видов што се пишува и едноставно не ми се верува затоа што единственото нешто што го правев последните денови е што гордо се движев и го покажував секаде македонското знаме. Но, во момент каде ме снимаше камерата, ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме, а делегацијата беше навистина далеку од мене. Јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не од омраза, затоа што јас сум горда што доагам од тука.
Затоа ми е бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме со ова евровизиско искуство со позитива. Тука сме да уживаме, тука сме да делиме страст и се надевам дека можеме така да поминеме. Не ми беше никаква намера да навредам некој ако го направив тоа се извинувам. Го носам знамето секаде каде што одам и се надевам дека навистина можеме да поминеме со ова, рече Андреа во видео пораката.