Андреа Коевска, која со наши пари замина да ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија, за да се слика го фрли македонското знаме.
Додека сите на овој настан носат огромни знамниња и со гордост се сликаат со него, нашата претставничка носеше мало знаменце, но и тоа го фрли за да се слика сама.
A video of her action at today’s opening ceremony, which has been described as “defiling a national symbol”, punishable by North Macedonian law. pic.twitter.com/d4Yqja6f3h
— ESC Discord (@ESCdiscord) May 8, 2022
Андреа од моментот кога е избрана, до овој ден, на големото отварање на најголемиот музички натпревар во Европа, е на последно место на обложувалните и не мрдна од таму.
ММС се обиде да стапи во контакт со нашата екипа во Торино, но засега од таму нема никаков одговор. А одговор од нив секако дека трба да има, бидејки по член 8 од Законот за употреба на грб, знаме и химна на државата секое намерно кинење, палење, газење или сквернување е забрането.
А како помина отворањето на Евросонг погледнете во видеото. Фрлањето на знамето е од 55.40 минута.