После две години пауза поради пандемијата, годинава се одржа свеченото отворање на 29. Меѓународен фестивал на пролетни веселби „ Х’дрелез “.
Пролетното празнување Х’дрелез во 2017 година беше вклучен во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, како културно наследство на Турција и Македонија. Од 2017 година се до денеска Министерството за Култура и Туризам на Р.Турција ја нуди својата поддршка со цел јакнење на интеркултурниот дијалог и унапредувањето на меѓународната соработка меѓу Р.Турција и Република Северна Македонија.
Во рамки на официјалното отворање, Советничката за култура и промоција при Амбасада на Република Турција Чигдем Ѓуллу во име на Министерството за Култура и Туризам на Република Турција прими плакета нагласувајќи дека нивната поддршка за пролетниот фестивал Х’дрелез, кој е од големо значење во однос на зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји, ќе продолжи и во наредните години.
Х’дрелез е еден од сезонските празници што се слават во турскиот свет. Се слави како ден кога Хизир и Иљас се сретнале на земјата. Познат како ден кога природата оживува, фестивалот Hıdırellez значи и доаѓање на пролетта.