Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ стана татко. Радосната вест дека добил син Богдановиќ ја сподели на својот профил на Фејсбук.
-Слава ти Боже. Јас вода, а ти корен нека никнат млади. Добре ни дојде сине Лазаре, напиша Богдановиќ на својот профил, а коментарот го поткрепи со песната „Уснила ја дубок санак“ од Јелена Томашевиќ.
Саша и неговата сопруга Јелена се во брак две години. Тие предизвикаа внимание во јавноста со нивната одлука свадбата да ја направат во Грачаница, Косово.
-Се запознавме на Косово и бидејки се почна од таму, па решивме почетокот на заедничкиот живот и крунисувањето на нашата љубов пред Бога да биде во манастрирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Грачаница. се знаеме повеќе од три години, а во врска сме повеќе од една година, доволно за да се запознаме и да одлучиме понатаму животот да го продолжиме заедно. На венчавањето ќе бидат присутни само најблиските, со кумовите и старосватовите, а потоа ручек во ресторан. Свадбата ќе ја правиме тука, ама понатаму, кога и ќе го склучиме граѓанскиот брак. Сега ќе биде само венчавањето во црква, рече Богдановиќ тогаш за ммс.мк
Прочитајте што уште рече поранешниот градоначалник:
Ќе се жени градоначалникот Саша Богдановиќ, венчавка на Косово