Здружението за заштита на животни пред некој ден со допис опоменуваше дека ќе се случи она што денес се случуваше во берово, а тоа е измачување на коњи.
Од Здружението денес објавија водео, во кое се гледа како слаб и изнемоштен коњ влече товар, кој е многу пати поголем од неговите можности и тоа пред очите на преставниц на МВР и АХВ.
-На вчерашното мачење, малтретирање на коњите во Берово сведочеа службеници на МВР и инспектор од АХВ. Нивното присуство таму пре би го нарекле како да биле дел од публиката примитивци штом пред нивни очи се случува ова на видеото и во ниеден момент како што може да се види никој не го попречува ова одвратно, нехумано и надвор од здрав разум измачување на коњ што е очигледно дека товарот од два трупци, па на крај и еден примитивец е ужасно присилување на кутрото животно да го влече. Коњот едвај се движи, паѓа, се удира во ограда под притисок на урлањето на толпа монструми и е очигледно дека товарот го надминува неговиот физиолошки капацитет особено што ги влече двата трупци, едниот за т.н. полесна категорија и друг за потешка категорија според правилата на овој настан. Го удираат, туркаат и што се не, велат во реакцијата од Анима Мунди и додаваат:
-Знае ли Агенцијата за храна и ветеринарство и нивните инспектори за благосостојба што пишува во законот под нивна надлежност? Дали во овој видео запис се почитува благосостојбата на коњот?
Знаат ли службениците на МВР дека мачење и малтретирање на животни го прекршува член 233 од Кривичниот закон? Знаете ли вие уствари што треба да работите? По се изгледа не!Јавно ги повикуваме сите надлежни институции и Општина Берово да го осудат, санкционираат и да не дозволат одржување на вакви монструозни настани. Итно да се казни организаторот и сите овие лица на видеото, ова дејствие ги има сите елементи на мачење и малтретирање на животни, го прекршува законот за благосостојба на животните и е слика на една држава во која владее безредие и анархија и една општина која е примитивна, реагираат од Анима Мунди. .