Битолчанка со закана и физичка сила ограбила продавница, а после 45 минути била приведена во полициска станица.
Како што соопшти МВР, вчера во 15:15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода М.Ј.(21) од Битола.
– Таа се сомничи дека околу 14:30 часот во продажен објект во Битола со закана и употреба на физичка сила кон вработената одзела повеќе производи. Одземените производи биле пронајдени и вратени на сопственикот, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.