По сведочењето на Амбер Херд ново видео од судницата предизвика бурни реакции и шпекулации во западните медиуми и на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како расплаканата Амбер си го брише носот со марамче, а потоа изгледа како да ја „шмрка“ неговата содржина. Наводно се шпекулира дека се работи за течен кокаин.
„Дали таа бесрамно шмрка кокаин пред судија и адвокати“, „„Па, мислам дека сега се е јасно“, пишува во коментар под видеото.
Според “Distractify”, поранешната медицинска сестра Ерин Фелати го коментирала видеото, врз основа на искуството што го имала со Херд.
Yo I’ve done some shit in my day but I’ve never had the stones to do cocaine in a courtroom pic.twitter.com/T7xw1pLLRN
— Slow News Day (@SlowNewsDayShow) May 6, 2022
„Таа генерално имаше проблем со нападите на љубомора и анксиозност. Проблемите се појавуваа со текот на годините, но не би рекла дека овие проблеми биле присутни цело време“, рече Фелати, додавајќи дека Херд имала проблем со зависност и пиела три чаши дневно вино, но и дека земала кокаин.
Нејзината поранешна медицинска сестра, меѓу другото, рече дека била под дејство на рекреативни наркотици 24 часа на музичкиот фестивал Коачела во 2016 година.
Во понатамошното објаснување се наведува дека Херд пораснала во проблематична средина и со нејзините родители кои исто така биле зависници.