Вчера вечерта во кочанското село Спанчево маж нападнал двајца соселани, кои поради тежината на повредите биле пренесени во ѓтипската болница.
Потрвда за ММС дадоа и од штипската болница, од каде ни рекоа:
-Вчера ноќта во Клиничка болница Штип примени се двајца пациенти повредени со убод од нож и со скршеници. Едниот пациент, кој е маж на 34 годишна возраст е во тешка клиничка состојба, со убоди во вратниот предел и во лева рака, со тешко крварење и веднаш е внесен во операциона сала. На него е извршена интервенција и се наоѓа на Одделот за Анестезија. Моментално е во стабилна состојба. Направено му е и КТ, а други повреди не се констатирани. Другиот пациент пак, млада жена е со убод од нож и скршеница на клучна коска, надвор од животна опасност. Сместена е на Одделот за Хирургија, вели доктор Катица Јанева, раководител на оддел за Анестезија.
Од МВР исто так е потврден настанот.
-Денес околу 13 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода М.Н.(26) од селото Спанчево, кочанско, затоа што на претходниот ден околу 22.20 часот во куќата на О.С.(35) со остар предмет го нападнал него и Б.Ј.(25) и им нанел повреди. По целосно комплетирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.