Македонска Каменица доби Дневен центар за лица со посебни потреби (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/18 4:33 PM

Македонска Каменица доби Дневен центар за лица со посебни потреби (видео)

– Не е лено да се чува, треба да му дадеш на детето да јаде, да го капеш, да внимаваш да не запали нешто … – вели бабата на Маја, Јорданка Десподова.
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=EsxifUcE5fQ]
– Децата патуваа по 30 километри дневно, летно време жешко, зимно време студено . Со отворањето на овој Дневен центар ќе почувствуваме олеснување и ние родителите, но и децата – со олеснување на душата зборуваше пред камерата на ММС Силвана Стојковска, родител на дете со посебни потреби.
Ова е секојдневието на родителите чии деца се со посебни потреби. За среќа, овие луѓе од Македонска Каменица добиваат олеснување – се отвори Центар за лица со посебни потреби.
– Во моментов имаме петнаесет дечиња, а Центарот за нив ќе работи од 7 до 17 часот. Се планираат едукативни активности за лицата до 18 години и работни активности за лицата над 18 години, но од идната година, кога ќе се прошират дејностите на Центарот – вели Благој Стоименовски, директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Делчево.

Овој Центар не е отворен само за лицата со атипичен развој, отворен е за целото општество. Важно е сите лица кои сакаат да поминат време овде да дојдат и споделат емоција, активност, да дојдат овде и