Приколка – ладилник полна со мртовци пронајдена во Мексико – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/18 2:35 PM

Приколка – ладилник полна со мртовци пронајдена во Мексико

Смрдеата од стотици човечки мртви тела сместени во камионска приколка ладилник ги налути жителите на градот Гвадалахара во Мексико.

Во понеделникот власите објавиле дека самите жители се обиделе да го пренесат контејнерот што се користел за складирање на мртвите тела поради недостаток на гробни места во градските мртовечници.


Локалните власти со години се соочуваат со овој проблем. Тие не можат да најдат долгорочно решение за оние починати чија смрт на каков било начин е поврзана со насилство, бидејќи мексиканските закони не дозволуваат кремирање во тој случај.


Во последниве години Мексико се здоби со светска репутација поради исклучително високите нивоа на насилство поврзани со криминалот. Повеќе од 200 000 луѓе се убиени или исчезнати од декември 2006 година, кога мексиканската влада прогласи војна против организираниот криминал, додава Би-би-си.