Македонскиот репрезентативец Филип Панчевски е нов државен првак во шах во машка, додека Моника Стојковска ја освои титулата во женска конкуренција.
Панчевски и Стојковска, кои се репрезентативни и клупски колеги во ШК „Алкалоид”, беа најдобри во сениорска конкуренција и заслужено ги освои титулите.
Отвореното шаховско првенство на Македонија се одржа од 29 април до 5 мај во Скопје со настап на играчи кои се наоѓаат на македонската рејтинг-листа.