Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил заинтересиран за можноста од прецизни ракетни напади врз лабораториите за дрога во Мексико, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извадоци од се уште необјавените мемоари на поранешниот американски министер за одбрана Марк Еспер.
Според поранешниот шеф на Пентагон, Трамп сакал да знае дали е можно да се погодат лаборатории за дрога во Мексико и на тој начин да се уништат картелите.
– Тие немаат контрола над својата земја. Можеме да лансираме неколку ракети „Патриот” и тивко да ги уништиме лабораториите… никој нема да знае дека тоа сме ние, се сеќава Еспер на зборовите на поранешниот американски претседател.
Во ноември 2020 година, по општите избори, Трамп го принуди Еспер да поднесе оставка. Тој претходно го критикуваше, вклучително и за забраната за истакнување знамиња и транспаренти на Конфедерацијата во воени објекти.
МИА