ФИФА примила дури три милиони барања за билети кога е во прашање финалето на Светското првенство во Катар.
Исто така, од Цирих соопштија дека има барања за голем број билети за некои други натпревари на првенството што ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.
Мечот Аргентина – Мексико кој ќе се одигра на 26 ноември на стадионот Лусаил со капацитет од 80.000 седишта, сакале да го гледаат 2,5 милиони луѓе во живо!
Исто така, владее исклучителен интерес за дуелот Англија-САД кој ќе се одигра на 25 ноември на стадионот „Ал Бајт“. Неговиот капацитет е 60.000 седишта, а барањата за билети достигнаа 1,4 милиони.
Податоците покажуваат дека има само два милиони барања за билети за Мундијалот од Англија, САД и Катар.
Одлучено е среќните добитници на влезниците да бидат одредени со компјутерско извлекување на тема каде потребата од билети го надминува капацитетот на стадионот.
Инаку, досега има повеќе од 23 милиони барања за влезници за Светското првенство во Катар.
Проблем за домаќините е каде да се сместат сите заинтересирани, со оглед на тоа што земјата е мала и дека повеќето хотели се изградени во Доха и околината.
Хотелските капацитети за 25 и 26 ноември се исполнети подолго време, кога се играат двата споменати натпревари, за кои постои огромен интерес.
извор: B92.net
фото: marca.com