Речиси и да нема нешто што лимонот, односно неговиот сок, не може да го поправи, подобри или излечи. Постојат дури и научни докази дека овошјето кое е богато со витамин Ц го намалува ризикот од рак и од срцев удар. Прочитајте ги најважните причини поради кои е добро да го конзумирате што повеќе:
Помага во намалување на утринските мачнини
Многу бремени жени чувствуваат олеснување кога ќе се напијат лимонада или когаќе исцедат малку лимонов сок во слаб црн чај. Остриот вкус и аромата ја намалуваат мачнината и го смируваат желудникот.
За убав мирис
Верувале или не, лимоновиот сок може да биде одлична замена за дезодоранс ако се стави под пазувите, бидејќи се бори против бактериите кои предизвикуваат лош мирис.
Бубрези
Киселината од лимонот помага во превенцијата од настанување камен во бубрегот. Секое утро пијте чаша млака вода со еден исцеден лимон.
Лек за сува уста
Поради одредени лекови, се случува да имаме сувост во устата, а тоа може да биде многу непријатно. Овој проблем е поврзан со процесот на стареење, а за да се справите со него додајте сосема малку лимонов сок во вода и направете гаргара.
Борба против вируси
Никогаш не потценувајте ја моќта на лимонадата во ситуации кога се борите со настинка или грип. Овој напиток ќе ви ја смири иритација и ќе го редуцира хистаминот.
Шеќер во крвта
Раздразливост, слаба концентрација, умор и главоболка, се само дел од симптомите за променливото ниво на шеќер во крвта. Ако го попрскате јадењето со лимонов сок, шеќерот во крвта ќе се намали за 30 отсто. Особено ако јадете риба или пилешко, оброкот секогаш попрскајте го со лимонов сок.
Помага кај акните
Премачкајте ги акните со сок од лимон. Киселината ќе допре до најдлабоките слоеви на мртвите клетки на кожата и ќе ги направи порите целосно чисти.
Извор: kurir.rs