(Видео) Сите се смеат на лажните крокодилски солзи на Амбер – Траат гнасотиите од разводот на Џони Деп – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/22 9:00 PM

(Видео) Сите се смеат на лажните крокодилски солзи на Амбер – Траат гнасотиите од разводот на Џони Деп

Амбер Херд сведочеше на суд за да ја опише нејзината бурна врска со Џони Деп. Таа зборуваше за тоа кога се влошила врската, за неговата зависност од дрога и последиците од тоа и за наводното семејно насилство.

Таа беше во солзи за време на сведочењето, но на социјалните мрежи има објави дека Амбер ги „лажирала“ солзите. Многумина се пошегуваа дека таа е најлошата актерка досега.


„Не е ни чудо што Џони Деп и ја среди улогата во „Аквамен“, е еден од коментарите на Твитер.
“О Боже мој, јас умирам. Амбер Херд е најлошата актерка досега. Оваа лажна некохерентна изведба  тешко да се гледа… Има премногу лажни воздишки, принудени солзи и погледи кон поротата… Ова е срам за жртвите на насилство“, се вели во второто.

„Гледам Амбер Херд како дава се од себе за да ја пушти таа една солза. Не сум видел толку лоша глума од сведочењето на Кајл Ритенхаус“, додаде друг.
„Јас, додека ги барам солзите на Амбер Херд, додека таа зборува за најужасните настани во нејзиниот живот и за злоупотребата од Деп“, додаде трет.

Херд низ солзи ги раскажуваше настаните од мај 2013 година. Таа и Деп беа на одмор во кампот во Хиксвил, Калифорнија. Одморот се претворил во пекол откако Деп дивеел и не можел да го најде кокаинот, а потоа насилно ја прегледал и ја допирал барајќи го кокаинот за кој се сомневал дека го криела.
-Се сеќавам како ме обвини, се обидов да го смирам. Налутено почна да ја крши приколката, се сеќавам дека крена нешто на масата и го фрли во стаклениот кабинет. Ми викаше и ме праша каде го кријам, не знаев што зборува. Почна да ме тапка, ми го скина фустанот. Ме фати по целото тело и ги турна прстите во мојата вагина, велејќи ми дека си го бара кокаинот – раскажа Амбер на суд.

Се сети и на првиот пат кога ја удрил. Таа вели дека тоа никогаш нема да го заборави и дека засекогаш и го променило животот.

– Седев на каучот и имавме нормален разговор. Пиел, а мислам дека користел и кокаин. Музика свиреше, јас пушев цигара и прашав за тетоважата на раката. Ми личеше на црна дамка, го прашав што напиша, а тој ми одговори „Вино засекогаш“, мислев дека се шегува и се насмеав – раскажува Амбер.
Вино е неговата поранешна девојка, Винона Рајдер, а Амбер не сфатила дека Деп има тетоважа посветена на неа. Откако таа се насмевнала за прв пат, Деп наводно и удрил шлаканица, а потоа повторно го направил тоа.

– По вториот шамар знаев дека не се шегува, престанав да се смеам. Ме удри уште еднаш, па изгубив рамнотежа. Сфатив дека се случи најлошото што можеше да ми се случи, многу сакав да размислам како се шегува, но не се шегуваше – сведочеше Амбер.

Извор: kurir.rs

Фото: Твитер