Ковидот може да доведе до пад на интелигенцијата: Последици од уништувачката моќ на вирусот – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/22 1:00 PM

Ковидот може да доведе до пад на интелигенцијата: Последици од уништувачката моќ на вирусот

Резултатите од најновите британски студии спроведени меѓу пациенти кои биле хоспитализирани поради инфекција со ковид, укажуваат на уште една „моќ“ на коронавирусот.

Пандемијата донесе бројни компликации и остави последици кај многу луѓе ширум светот. Иако трае подолго од две години, научниците се’ уште ги немаат откриено сите карактеристики и начините на кои се начинит на кои го уништува нашиот организам. Бројни студии и истражувања досега докажаа дека вирусот го напаѓа целиот организам и сите органи, а најновата британска студија покажува дека короната може да го намали коефициентот на интелигенција и да го остари мозокот за 20 години! Имено, како што се спроведуваат се’ повеќе истражувања за ковид, така секојдневно на изненадување на стручњаците и лекарите се добиваат нови резултати.

Студија направена меѓу 46 Британци, кои биле хоспитализирани со корона во 2020 година покажува дека тие на тестовите за интелигенција постигнале полоши резултати од очекуваното, во споредба со нивните просечни резултати. Се работи за луѓе кои во болница биле примени со вирусот и кои можеле да претрпат оштетување на мозокот. Лекарите наведуваат дека во тој случај пациентите имаат проблем да ги најдат вистинските зборови, дека им треба повеќе време за обработка на информациите.

Сепак, научниците од Универзитетот Кембриџ нагласуваат дека оние кои имаат најтешка клиничка слика имаат и најлоши последици.

Анестезиологот Дејвид Менон изјавил дека следеле некои пациенти дури и десет месеци по нивната акутна инфекција, така што можеле да посведочат на нивното бавно закрепнување.

Многу е можно некои од овие поединци да не се опорават целосно. Имунолошката реакција на телото на вирусот исто така може да предизвика „пустош“ во нервните клетки. Штетните ефекти се отприлика еднакви на губиток на 10 поени на тест за интелигенција. Претходно видовме дека дури и поблаг случај на корона може да предизвика долготрајно оштетување на мозокот, додал докторот.

Тим истражувачи од Универзитетот во Тулан открија сериозни отоци на мозокот и повреди поврзани со намален проток на крв или кислород во мозокот.

Последици од короната:

Влијае на стареењето на мозокот до 20 години

Го намалува коефициентот на интелигенција и предизвикува оток на мозокот

Го оштетува и го намалува обемот на мозокот

Влијае на опаѓање на когнитивните функции

Некои лекари велат дека вирусот го намалува и половиот орган кај мажите

 

Извор: kurir.rs

Фото: Илустрација / Designed by Freepik