Освестување: Приказната за овците е сѐ што треба да прочитате денес – Мудрост над мудростите – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/22 7:00 PM

Освестување: Приказната за овците е сѐ што треба да прочитате денес – Мудрост над мудростите

Еднаш имало еден волшебник кој имал големо стадо овци. Тој секој ден јадел по една овца од стадото.

Велат дека оваа приказна му била омилена на Георги Гурџиеф, кој со задоволство им ја раскажувал на своите ученици.

На чистината, среде огромна шума, живеел магионичар кој имал големо стадо овци. Секој ден јадел по една овца од стадото. Овците на магиничарот секој ден му правеле проблеми, се разбегувале по шумата, па тој морал да изгуби доста време фаќајки една овца, а другите да ги собере во стадо.

Се разбира, овцата што имал намера да ја убие го почувствувала тоа и почнала очајно да се бори, а нејзиниот крик ги исплашил другите. И тогаш волшебникот решил да смисли таков трик – разговарал со секоја овца насамо и инспирирал нешто во секоја од нив.

На едната овца и’ рекол:

„Ти не си овца, ти си човек како мене. Немаш од што да се плашиш, бидејќи јас само убивам и јадам овци, но ти си единствената личност во ова стадо и затоа си мојот најдобар пријател“.
На друга овца и рекол: „Зошто бегаш од мене како другите овци. Ти си лавица и немаш од што да се плашиш. Јас само овци убивам, а ти си мој пријател”.

На третата овца во доверба и’ рекол: „Слушај, ти не си овца, ти си волк. Волк што го почитувам. Јас како и досега ќе продолжам да убивам по една овца од стадото дневно, но волкот, најдобриот пријател на магионичарот, нема што да се плаши“.

Така тој зборувал со секоја овца и на секоја и’ напоменувал дека не е овца, туку сосема друго животно, кое се разликува од сите други овци во стадото. По овој разговор, однесувањето на овците целосно се променило – тие паселе сосема мирно и никогаш повеќе не побегнале во шумата. И кога волшебникот убил друга овца, тие си помислиле: „Па, тие убија друга овца, а јас сум лав, волк, човек, најдобриот пријател на волшебникот, немам од што да се плашам“.

Дури и овците што имал намера да ги убие престанале да даваат отпор. Само ќе отидел кај една од нив и ќе речел „О, мој најдобар пријателе, одамна не сме разговарале, дојди во мојот двор, треба да се консултирам со тебе за стадото овци“.

И овците гордо ќе го следеле волшебникот во дворот. И таму навистина го прашувај својот најдобар пријател како оди во стадото. Жртвата со задоволство му кажувала се, а потоа волшебникот ќе ја убиел. Бидејќи смртта доагала веднаш, овците немале време ништо да сфатат.

Волшебникот бил многу задоволен – ја подигнал високо самодовербата на секоја овца, како резултат на тоа, тие престанале да ги полнат главите со мисли за непосредна смрт, станале помалку невротични, уживале во животот и тивко паселе трева, што го направило нивното месо многу повкусно. .

Со текот на годините, магионичарот лесно управувал со огромното стадо, а најинтересно е што другите овци почнале да му помагаат – ако некои премногу паметни овци почнале да ја погодуваат вистинската состојба на работите, тогаш другите овци. .. односно лавови, луѓе, волци – тие го известувале волшебникот за чудното однесување на оваа овца, а следниот ден волшебникот со задоволство ќе ја изедел.

Извор: курир.рс