Реал Мадрид направи уште едно чудо во Лигата на шампионите. Направија сензационални пресврти против Пари Сен Жермен и Челзи, но не застанаа тука, туку го срушија и Манчестер Сити кога никој не очекуваше.
Губеа со 1:0 на „Бернабеу“, не одиграа одличен фудбал и Грилиш за малку ќе го „убиеше натпреварот“ во 86. минута, но повторно се разбудија и преку двојниот стрелец Родриго и подоцна Бензема стигнаа до финалето на Лигата на шампионите. Но, тоа не го видоа сите навивачи кои беа на стадионот и тие се виновни за тоа …
Група навивачи го напуштиле стадионот во 80. минута, пренесува шпанска „Марка“, а кога сфатиле дека има сензација и дека ќе ја пропуштат историјата – било предоцна да се вратат. Полицијата не им дозволи на гледачите кои веќе го напуштија стадионот да влезат на трибините, без разлика дали имаат билет.
Сè што требаше да направат е да го гледаат крајот на натпреварот на своите телефони и да слават без да ги погледнат хероите, а можеа – само да веруваат дека Реал Мадрид е способен да направи чудо!
The Real Madrid fans who left the stadium before the 80th minute were not allowed back in the Santiago Bernabeu to watch extra time. 😅😅😅
pic.twitter.com/zAWKI9mzqi— FootballWTF (@FootballWTF247) May 5, 2022
извор: Mondo.rs
фото: YOUTUBE/MARCA/PRINTSCREEN