Дојде време кога повеќето од дневните часови ги поминуваме на работа, секој ден сме полни со обврски и сигурно потребно ни е во нeкој момент да успориме. Ако сте забележале дека лесно се заморувате и многу брзо се чувстувате истоштено, запрашајте се колку редовно пиете вода и во колкави количини?
Дефинитивно е време да се обезбедите преку потребно „сопствено време“, па одделете го за да се грижите за себе. Ништо не е позначајно од тоа да бидетe сигурни дека ќе останете здрави, како физички така и емотивно и ментално.
Недостатокот на вода во организмот може да предизвика замор, главоболка и намалување на концентрацијата. Исто така, регулацијата на телесната температура, прнесувањето на хранливите материи и исфрлање на токсините од организмот не би можеле да се замислат без вода.
Колку е потребно дневно да се консумира вода, зависни од повеќе фактори, како што е полот, староста, состојба како што е бременост, доење, степенот на физичката активност, изложеност на топло време. Кај личностите кои се изложени повеќе на физичка активност, ако и кај трудниците и доилките потребно е консумирањето на течности да се зголемат.
Доенчињата на возраст од 0 до 6 месеци треба да внесуваат околу 0,7 литри течности дневно, а возрасните (жените) 2,7 литри или 3,7 литри (мажите) дневно, сметајќи ги сите извори на вода (храна и течност). Просечната жена би требало да внесува 2,2 литри вода дневно, а просечните мажи од 2,5 литри вода дневно. За хидратацијата се препорачува хигиенски и здравствено исправна вода со нискоминерален состав погодна за сите возрасти.