Душко Иванов избран да ја води ВМРО ДПМНЕ во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/22 8:36 AM

Душко Иванов избран да ја води ВМРО ДПМНЕ во Штип

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ синоќа го потврди Душко Иванов за претседател за Општинскиот комитет во Штип. Иванов е актуелен координатор на групата на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип и заменик градоначалник. Важи за еден од најблиските соработници на градоначалникот Иван Јорданов, кој до сега ја вршеше и функцијата претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Штип.

Иванов беше избран во потесна конкуренција со уште тројца други противкандидати.