Воспаление на белите дробови поради Легионерска болест е причината за две лица да починат, а 400 луѓе завршија во болница во Италија. Болеста, како што пренесуваат медиумите, ја добиле од разладни уреди за вода во северна Италија. Испитувањата покажале дека од 10 анализи од три постројки во најпогодените градови, девет биле позитивни на бактеријата Легионела.
Клима уредите исто така може да бидат причина за смртоносната болест, посебно во поголеми простории каде што има многу луѓе. Најчесто тоа се болници, трговски центри, банки каде уредите кои разладуваат не се проверуваат редовно.
Статистиката вели дека 405 луѓе се хоспитализирани со воспаление на белите дробои од почетокот на појавата на болеста, а 42 се позитивни на Легионерската болест.
Симптомите на оваа болест се грозница, кашлање, главоболка, дијареа, оштетување на црниот дроб и пнеумонија, а со компликација на болеста може да предизвика смрт. Препораката на докторите е клима уредите редовно и правилно да се чистат, затоа што тие може да бидат извор и на коксаки вирусот.