Милкшејк од кафе и банана претставува кремаста рапсодија на вкус, во која ќе се заљубите уште на првата голтка.
СОСТОЈКИ:
1 смрзната банана
150 мл. Млеко
една лажичка мед
80 мл. Црно кафе
6 – 7 бадеми
една лажичка шлаг
една топка сладолед од ванила
ПОДГОТОВКА:
Во блендер ставете го млекото и кафето. Додадете го медот и бадемите. Матете се додека смесата не се изедначи. Додајте ја бананата и продолжете да матите.
Ставете го милшејкот во чаша, и додајте ја топката со сладоледот од ванила и шлагот. Може да декорирате со сецкани бадеми и прелив од чоколада.