Витаминот Б12 е есенцијален нутриент кој на телото му е потребен за низа процеси, како се синтезата на ДНК, производството на енергија и функционирањето на централниот нервен систем. Способноста за апсорпција на Б12 од храна опаѓа со текот на годините, па недостигот е почест кај постарите луѓ. Луѓето кои имаат недостиг на витамин Б12 генерално се чувствуваат уморно. На клетките во вашиот организам им е потребен овој витамин за да функционираат правилно. Несоодветното ниво може го намали производството на црвени крвни зрнца. Кога вашето тело нема доволно здрави црвени крвни зрнца, не се носи доволно кисород до ткивата, а во тој случај веројатно ќе се чувствувате слабо и уморно.
Бледа или жолта кожа
Друг знак кој може да укажува на недостиг на витаминот Б12 е бледата или жолта кожа. Со недостигот на овој витамин може да се јаде анемија односно слабо железо.
Главоболка
Недостигот на витаминот Б12 може да доведе до невролошки несакани ефекти, вклучувајќи ја и главоболката. Гглавоболките се меѓу најчесто пријавуваните симптоми во врска со недостигот на овој витамин како кај возрасните, така и кај децата – пишува Healthline.
Симптоми на депресија
Б12 е неопходен за правилно функционирање на вашиот централен нервен систем, а недостигот на оваа хранлива материја може да влијае на менталното здравје. Ниското ниво на овој витамин може да предизвика зголемени нивоа на аминокиселини, а за „возврат“ ова може да придонесе за развој на депресија и зголемување на стресот.
Потешкотии со концентрацијата
Недостигот на Б12 негативно влијае на централниот нервен систем, уѓето со ниско или дефицитарно ниво на овој витамин може да се чувствуваат „замаглено“ и имаат потешкотии да се концентрираат и да ги извршуваат дневните задачи. Постарите лица се особено изложени на ризикот од овие несакани ефекти бидејќи ризикот од недостиг на овој витамин се зголемува со текот на годините.
Извор: b92.net