Светски познатиот сајт Celebrity networth откри колку се „тешки“ многу познати фаци, меѓу кои има и некои локални, како Лепа Брена, Светлана Цеца Ражнатовиќ, Драгана Мирковиќ …
Како што пишува споменатиот сајт, богатството на Лепа Брена се проценува на 16 милиони долари, додека Светлана Цеца Ражнатовиќ има 80 милиони, а на прво место е Драгана Мирковиќ, чие богатство се проценува на неверојатни 100 милиони!
А, каде е Јелена Карлеуша? Тука е, се разбира!
Пејачката не е побогата од споменатите колешки, но е и крајно „тешка“ бидејќи нејзиното богатство се проценува на вртоглави 40 милиони долари!
На популарниот сајт Јелена е опишана како една од најпопуларните пејачки на Балканот, чија кариера ја красат 10 студиски албуми, а добитник е и на неколку музички награди.
Карлеуша неодамна прослави 27 години од својата кариера, а на својот Инстаграм сподели слика на која позира во мини фустан на тревата, но се потсети и на некои од најтешките моменти кога „немала ни чорапи“.
извор: Mondo.rs