Универзитетот Гоце Делчев синоќа по десетти пат ги одржа традиционалните Ораторски вечери. Осум студенти од факултетите на универзитетот имаа можност да се претстават со свои, оргинални говори.
Со награди за најдобри оратори се закитија двајца, Јован Јанев во категоријата „слободни говори“ и Ана Михаиловска во категоријата „рамноправност и недискриминација“.
Јанев зборуваше за актуелни состојби во државата, додека Михаиловска низ својот говор ја пренесе сагата на самохраните мајки во Македонија.
Победничките, но и останатите говори, можете да ги погледнете во продолжение