Револуција во Лигата на шампиони на УЕФА – Нема повеќе групи, 36 екипи ќе играат лигашки систем – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/22 5:00 PM

Револуција во Лигата на шампиони на УЕФА – Нема повеќе групи, 36 екипи ќе играат лигашки систем

Веќе подолго време се зборува за можни европски суперлиги, за промени во Лигата на шампионите, а сега навистина би можело да има револуционерни промени во најелитното фудбалско натпреварување.

„Тајмс“ објави дека е постигнат договор меѓу УЕФА и Асоцијацијата на европски клубови (ЕЦА) и дека во низа состаноци и договори Александар Чеферин и претседателот на ЕЦА и ПСЖ Насер Ал Келаифи се договориле за целосно нов формат на натпреварување.

За две години во сезоната 2024/25, наместо 32 клуба, ќе има 36 екипи, а групното натпреварување ќе се укине и ќе се игра лигашкиот систем! Секој тим ќе одигра 10 натпревари со 10 различни противници, пет на гости и дома.

На крајот во осминафиналето ќе одат осумте најдобри, а плеј-офот за влез во осминафиналето ќе играат екипите од 9 до 24. Последните 12 екипи ќе отпаднат од натпреварувањето.

Во план е и промена на финалето на Лигата на шампионите, по примерот на фајналфорот на Евролигата и Суперболот. Тој фајналфор би се играл во еден град, а во полуфиналето и финалето би се играло еден натпревар.

Ова се разгледуваше откако корона вирусот ја принуди УЕФА да го организира Фајнл 8 во сезоната 2019/20, а тоа донесе исклучително позитивни впечатоци кај навивачите и љубителите на фудбалот.

извор: Mondo.rs

фото: