(Видео) Патар Пан станал уморен и стар маж – Фановите разочарани и бесни на „Дизни“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/29/22 6:00 PM

(Видео) Патар Пан станал уморен и стар маж – Фановите разочарани и бесни на „Дизни“

Во трејлерот за новата продукција на Дизни “Chip ‘n Dale: Rescue Rangers”, им оддаваат почит на достигнувањата на оваа куќа, која ги собира старите познаници од омилените цртани филмови најмногу внимание предизвика Петар Пан.
Петар Пан повеќе не е дете на слободниот дух што го паметиме. Неговиот лик во римејкот на “Chip ‘n Dale”, цртан филм од доцните 80-ти, е претставен како уморен, мрзлив средовечен маж. Гласот му го позајмува, Вил Арнет.


Ликот на Петар Пан предизвика многу коментари на социјалните мрежи. Многумина пишуваат дека не очекувале дека вечното момче ќе изгледа вака.
„Петар Пан порасна во морничав старец. Ова е многу тажно“, „Ако ја знаете оригиналната приказна, ќе разберете зошто мислам дека ова е големо непочитување“, „Петар Пан требаше да остане момче засекогаш“,  Која е поентата на ова?“ „Сиромашен“, се само дел од коментарите на Твитер.


Петар Пан не е единствениот цртан лик што се појавил во најновиот филм на Дизни. Гледачите можат да го видат и Флондер од Малата сирена како и познатата патка Баја во трејлерот.
И еве еден крајно разочарувачки трејлер за фановите на Петар Пан: