Од недела, Жичарницата на Средно Водно ќе работи два часа повеќе, односно од 10 до 20 часот, соопшти ЈСП Скопје.
– Во период од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, информираат од ЈСП.
Оттаму посочуваат дека работното време е согласно Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.
Поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз во Скопје в понеделник ќе се одвива по неделен возен ред.
Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе работат билетарниците кај Транспортниот центар и Зелено пазарче, како и во Ѓорче Петров.
Утре, сабота (30.04.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела (1.05.2022 год) е неработен ден за сите продажни места.