Кумановската полиција денеска во пресрет на празниците апелираше до граѓаните да внимаваат на личниот имот.
СВР Куманово советува граѓаните да не објавуваат на социјалните мрежи кога заминуваат на празничен викенд, да заклучат, да внимаваат на вредните работи.
-По повод престојните празници кога поголем број од граѓаните се надвор од своите домови, апелираме граѓаните да ги преземат сите неопходни мерки на соодветна заштита на пари и вредни предмети при нивното отсуство од домот. Да не се оставаат информации на социјалните мрежи пред одење дека сте надвор од дома во моментот, каде сте и што правите. При излегување да се проверат сите врати, особено во ниските делови, и да не се оставаат прозорците и вратите од терасите отворени. Исто така, да не оставаат вредни предмети на видно место во возилата и да се внимава на парите и платежните картички при работа со нив, како и носење голема количина на пари на јавни места како и заштита на џебови и чанти, изјави портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Доколку забележат нешто сомнително граѓаните може да повикаат полиција на телефонскиот број 192 или 112, со цел навремено да се интервенира.
Полицијата апелираше до учесниците во патниот сообраќај да се однесуваат согласно законските правила и прописи, да не управуваат под дејство на алкохол, да ја приспособат брзината на условите и состојбата на патот, како и да управуваат со соодветна важечка дозвола