Управата на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив соопшти дека на семејството на американски туристи, кои имале неексплодирана граната во багажот, им било дозволено да се качат на летот, откако биле испрашувани од безбедносните служби, кои рекле дека се е во ред.
Како што пренесува „Јерусалем Пост“ американското семејство предизвикало вознемиреност поради бомбата на главниот израелски аеродром, кога на безбедносните службеници им пријавила неексплодирана граната што ја нашле при посетата на Голанската висорамнина и која ја спакувале за враќање, соопштија властите, пренесуваат израелските весници.
תיעוד: בהלה בנתב”ג בעקבות חשש מחפץ חשוד. לאחר בדיקות הוכרז על חזרה לשגרה@sharonidan pic.twitter.com/pOMLp3oaeC
— כאן חדשות (@kann_news) April 28, 2022
На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледаат патници во паника кои побегнале од зградата на аеродромот Бен Гурион, а управата на аеродромот објавила дека еден маж е хоспитализиран поради повредите кои ги добил додека се обидувал да избега преку подвижната лента за багаж.