Секој месец рускиот гас раст за изминатиот период од година и пол поскапе за 900%. Во никој случај не може да се каже дека рускиот гас е најевтин. Ова го потврди бугарскиот економист Георги Ангелов од Институтот отворено општество.
Според него, рускиот гас нè исцрпува, ги ослабува бизнисите и домаќинствата. Најевтиниот гас во Европа е во Шпанија , која се снабдува со течен и азербејџански гас, рече Ангелов.
-Азербејџанскиот гас засега Бугарија не го добива. Мора да се изгради гасната врска со Грција и тоа мора да се направи со сите напори на државата, изјави Ангелов, кој смета дека ова итно треба да се реши и „да се испрати армијата ако треба“ и да се заврши овој проект.