Google упати предупредување до милијарди корисници дека нивниот прелистувач Chrom е хакиран.Компанија најави дека објавува ажурирање во текот на следните неколку дена за да ги поправи грешките што ги засегаат Windows, macOS и Linux.
Хакери открија 30 нови пропусти во одбраната на Google – од кои седум претставуваат висока закана за потрошувачите, пренесува „Дејли мејл“. Сè уште не е јасно од каде дошол нападот и дали навистина влијаел на некои корисници. Ажурирањата на прелистувачот се можни рачно преку функциите за поставки, но Chrom автоматски ќе го стори тоа во рок од неколку дена. Google неодамна објави зголемен број на хакерски напади на Chrom и други прелистувачи.
Една нова студија покажува дека корисничките лозинки повеќе не се толку силни како порано. Експертите забележуваат дека се’ што има најмногу 6 знаци, без разлика дали се бројки или букви, може веднаш да се открие. Истото важи и за подолгите лозинки од 7 или 8 знаци, но составени само од бројки или мали букви.
Всушност, сите тие можат да се погодат за околу 39 минути, според американската компанија за сајбер безбедност Hive Systems, со седиште во Ричмонд, Вирџинија.