Ако допрете туѓ телефон во Дубаи, ве чека затвор – Закони во ОАЕ што секој мора да ги знае – ММС
ММС

Објавено на: 05/1/22 8:00 PM

Ако допрете туѓ телефон во Дубаи, ве чека затвор – Закони во ОАЕ што секој мора да ги знае

Обединетите Арапски Емирати и можеби најпознатиот град во земјата – Дубаи, се посебни по многу нешта, а еден од нејзините признаци е тоа што лесно може да завршите в затвор, поради многу вообичаените работи што се прават на кое било друго место. Оваа блискоисточна држава има неколку бизарни, но многу строги правила. Следат дел од нив…

Внимавајте на зборовите (и на социјалните мрежи)!

Пцуењето е строго забрането во ОАЕ, а англискиот збор „f**k” се смета за срам за честа на која било личност. И на интернет, исто така, користењето пцовки и испраќањето „незаконски” безобразни сликички (на пр., на Фејсбук, Ватсап итн.) се казнува со парична сума до 250.000 дирхами (60.000 евра), co затвор или протерување од земјата.

За покажување среден прст, на пр, следи сигурна депортација.

Не допирајте туѓ телефон!

Во оваа земја, упадот во туѓата приватност е строго казнив. Ова, ​​особено ако сте зеле нечиј телефон без согласност на тоа лице. Може да завршите в затвор најмалку шест месеци и да добиете парична казна од 100.000 до 500.000 дирхами (приближно 24.000 – 120.000 евра). Исто така, забрането е фотографирање некого без негова дозвола, а тоа важи и при сообраќајна несреќа.

Грижете се за Вашиот автомобил

Жителите на ОАЕ се грижат за угледот на својата земја, што е сосема коректно. Затоа, може да бидете казнети и за валкан автомобил, но и за негово „неправилно миење”.

Се смета дека валканите автомобили го нарушуваат „имиџот и здравјето на градот”. Казната за тоа е до 3.000 дирхами (околу 750 евра).

Не озборувај!

Едно од, можеби, најбизарните правила се однесува на ширењето гласини. Сѐ што личи на тоа, а особено оние озборувања на социјалните мрежи, може да Ве чини три години затвор и парична казна до дури милион дирхами или близу 250.000 евра.

Арапите казнувањето за овој „срамен чин” го опишуваат како спречување на нарушувањето на јавниот ред и мир, но и загрозувањето на националниот мир.

Нема храна во јавниот превоз

Посетителите на ОАЕ треба да внимаваат и на употребата на храна и пијалаци во јавниот превоз. Ако посегнете по храна во кој било облик во јавниот превоз, на станица или на пешачки премин, казната е 100 дирхами (24 евра).

Исто така, обрнете посебно внимание на афионот. Во Обединетите Арапски Емирати, тоа се смета за опиум и е забранета супстанција. За посед, следи затворска казна.

Овие правила се дефинитивно нешто што треба да го знае секој што има намера да ги посети ОАЕ. Доколку се почитуваат законите, престојот во оваа земја ќе мине без никакви проблеми.