Тие нам КЦ „Ванчо Михајлов“ ние ним нов македонски културен центар во Благоевград најави Ковачевски – ММС
ММС

Објавено на: 04/28/22 1:20 PM

Тие нам КЦ „Ванчо Михајлов“ ние ним нов македонски културен центар во Благоевград најави Ковачевски

Зошто никој од Владата и институциите не реагираа на отворањето Бугарски културен центар со име на Ванчо Михајлов, праша од собраниската говорница пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Рашела Мизрахи. на ова премиерот Димитар Ковачевски одговори дека бил длабоко разочаран, а најави дека ќе го информира неговиот бугарски колега Петков дека ќе биде отворен македонски културен центар во Благоевград.

-Многу бев вознемирен кога ги видов бугарските официјални лица заедно со македонски граѓани, главно од Битола, кои отворија центар со слики и фигури со ликот на Ванчо Михајлов. Мојот личен став и ставот партијата не е променет. Не е променета од времето кога восочната фигура на негативна историска личност беше поставена во Ново Село во Штип со говорот на вашиот поранешен лидер. Ист со став кога фигура на Михајлов беше поставена во музејот во Скопје, објасни Ковачевски.

Одговорајќи на пратеничката Мизрахи, премиерот кажа дека веднаш по настанот од Битола, побарал одговори од надлежните министри .

-Веднаш по отворањето на Центарот во Битола, дадов налог до надлежните министри да направат анализа зошто нема законска регулатива со која ќе се спречат вакви и слични имиња да бидат користени и најважно, да подготват законска основа за соодветно третирање на истите. Планирам директно да го информирам бугарскиот премиер Петков дека како влада имаме намера да отвориме ваков културен центар во Благоевград, а името ќе го определиме во соработка со Институтот за историја и ќе ве повикам, пратеничке Мизрахи, да го отвориме, рече Ковачевски.

На ова пратеничката Рашела Мизрахи одговори дека институциите можат да одговорат за пет минути.

-Ве молам да не манипулирате. Културниот центар во Софија нема име. Имаме 14 пресуди што бугарската влада ги игнорира. Треба да се види на што личи тој центар, реагираше Мизрахи.

При тоа, пратеничката ги цитираше изјавите на бугарски официјални лица и политичари, како Красимир Каракачанов и европратеникот Ангел Џамбазки, кој Македонците во Пиринска Македонија ги нарекува „пијани дегенерици, кои вкупно 15 луѓе имаат 10 заба“.

Мизрахи рече дека Бугарија била фашистички окупатор а не администратор, а Ванчо Михајлов го узурпирал ВМРО.

-Ванчо Михајлов е узурпатор на ВМРО и ние не сме негови наследници, ниту Заев е наследник на Тито туку узурпатор а СДСМ, кој ви ја направи целата драмолетка, одговори Мизрахи на Ковачевски.