Антибиотиците може да ја намалат ефикасноста на вакцините кај децата – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/22 11:00 AM

Антибиотиците може да ја намалат ефикасноста на вакцините кај децата

Ново истражување покажува дека антибиотиците може да влијаат на ефикасноста кај детските вакцини. Ваков ефект веќе бил забележан во истражувања во кои биле користени глувци, но ова е прва студија во која се испитувани деца.

Експертите сепак велат дека постојат случаи кога на мало дете треба да му се даде антибиотик. Познато е дека бактериските инфекции се чести кај малите деца, посебно инфекциите во очите или ушите, а генерално се лечат со антибиотици. Меѓутоа, нова студија објавена во медицинското списание Pediatrics укажува дека употребата на некои антибиотици може негативно да влијае на ефикасноста на вакцинацијата кај децата помали од две години. Поточно, авторите на студиите наведуваат дека малите деца кои почесто или подолго добивале рецепти за антибиотици имале пониски нивоа на антитела поврзани со вакцините во детството. Вакцините во студијата ги вклучувале вакцините DTaP (дифтерија-тетанус-пертусис), Hib (хемофилус инфлуенца тип Б), IPV (инактивирана полиомиелитисот вакцина) и PCV (пнеумококна конјугирана вакцина).

Да се има помал број антитела значи и помала заштита од овие болести. Покрај тоа веќе со години прекумерната употреба на антибиотици е загрижувачка, бидејќи ова би можело ова би можело да ги надмине индивидуалните случаи кај децата со тоа што ќе влијае на „имунитетот на стадото“против овие болести.

Иако истражувачите не пронашле точен механизам кој стои зад овие резултати, тие теоретски веруваат дека антибиотиците со широк спектар го менуваат цревниот микробиом со текот на времето, нарушувајќи ги механизмите кои им овозможуваат на вакцините да функционираат правилно. Сепак тоа не значи дека малите деца не треба да користат антибиотици.

Амоксицилинот е еден од антибиотиците кои најчесто се препишуваат, но авторите на студијата откриле дека откриле дека тој нема значително влијание врз нивото на антителата. Антибиотиците кои негативно влијаеле на нивото на антителата се: цефтриаксон, цефдинир, амоксицилин/клавуланат – за кој се покажало дека нема значајно влијание врз имунитетот предизвикан од вакцината по 5 дена од употребата, но има негативен ефект по 10 дена.

 

Извор: b92.net